Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Скопје ќе одржи работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Протестот, според најавата од ССМ, ќе започне во 12:05 часот пред Работничкиот дом.
Рутата на движење ќе тргне од зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“ во Центар, ќе продолжи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Даме Груев“ и булеварот „ВМРО“, а ќе заврши на булеварот „Илинден“.
Предвидено е запирање пред Собранието, Стопанската комора и пред Владата, каде што претставниците на ССМ и работниците ќе ги испратат главните пораки и барања.
Одлуката за излегување на улица, како што информираше претходно претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, доаѓа по игнорирањето и неисполнувањето на синдикалните барања од страна на Владата и работодавачите. Тие предвидуваат законско усогласување на минималната плата за само 1.667 денари, сума што, според Синдикатот, не ја покрива ниту зголемената вредност на синдикалната потрошувачка кошничка. За учесниците од другите градови е организиран превоз.
Според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) на кои посочи претседателот на ССМ, една третина од вработените во државата земаат плата под 30.000 денари, поради што заклучи дека масовноста на протестот е клучна за исполнување на барањата.
МИА
Ново на Сител
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
-

Преглед на вестите од светот
-

Ревизија открива: Нема доволно инспектори за надзор во градежништвото
-

Здравствени работници “трпат” насилство во болници и клиники и не пријавуваат
