Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа од 34:29 против Сесвете од Хрватска го стартуваше настапот во еврокуповите (Лига Европа). „Црвено-црните“ имаа водство во текот на целиот натпревар, а хрватскиот тим само еднаш имаше нерешен резултат 21:21.
Ракометарите на Вардар поведоа со 3:0, а на полувреме предноста беше 19:15. На стартот од вториот дел „црвено-црните“ постигнаа уште два гола за 21:15, но потоа гостите направија серија од 6-0 за првото и единствено изедначување. Во последните 20 минути „вардарци“ ја консолидираа одбраната и стигнаа до посакуваната победа.
Најефикасен кај Вардар беше Дмитро Горига со 7 голови, додека на натпреварот најпрецизен беше Златко Раужан со 9 голови.
Вардар следниот натпревар од групата го игра на гости кај Тулуз на 21.октомври.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
