Македонија
27. February 2026 - 16:50

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите

Министерот за правда не се откажува од ставот дека треба да сносат одговорност обвинителот и судијата кои одредија куќен притвор за Артан Груби.. Филков, претходно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да го истражат случајот, но, првите луѓе на двата совети рекоа дека немало услови да постапуваат..

Опозициската СДСМ случајот со Груби го смета за режирано сценарио, а објаснувањето дека е нарушена неговата безбедност ако е во ефективен притвор, според партијата било скандалозно..

Рекацијата на СДСМ, според владејачката ВМРО-ДПМНЕ укажувала на страв од исказот на Груби, кој според партијата би можел да засега и функционери од претходниот владин состав..

Во меѓувреме, одбраната на Груби кој е осомничен за криминал од над 8 милиони евра во Државна лотарија, и следната недела се продолжи со увидот во доказите обезбедени од јавното обвинителство. Дури потоа екс вицеприемиерот ќе го даде својот исказ пред надлежниот обвинител. Груби доби мерка домашен притвор, неколку часа по приведувањето на граничниот премин Блаце.