-->
-->
Ракометната репрезентација доби нов спонзор
-->

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денес е објавено ново партнерство – со компанијата Нестле. Официјално, @maggi.macedonia е нов спонзор на македонската ракометна репрезентација.
Договорот за соработка е со важност две години.
– Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи, изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов.
Од името на компанијата Нестле задоволство за можност да се даде поддршка на македонските ракометари изрази Рената Матушиновиќ.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
