Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел

Албанија и Европската Унија денеска во Брисел ќе ја одржат 8-та Меѓувладина конференција за процесот на преговори за пристапување.
– Тоа се смета за важен момент во тековната фаза на преговорите, бидејќи се фокусира на заклучување на привремените услови што го одредуваат понатамошното темпо на процесот на европска интеграција на Албанија, објавија албанските медиуми.
Според агендата објавена од ЕУ, Конференција ќе се одржи на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, под претседателство на заменик-министерката за европски прашања на Кипар, Марилена Рауна.
Албанската делегација ќе ја предводи премиерот Еди Рама, додека на Европската Унија ќе ја предводи Рауна, со учество на комесарката за проширување Марта Кос.
- Конференцијата се очекува да започне околу 19:00 часот навечер во Брисел, а по нејзиното завршување ќе се одржи прес-конференција. Овој состанок следи по серија меѓувладини конференции што доведоа до отворање на сите преговарачки поглавја, вклучувајќи ги „Основи“, „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен раст“, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“, „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“, наведуваат медиумите.
Потврдувајќи го учеството, премиерот Еди Рама изјави дека Албанија е поблиску од кога било до Европската Унија.
Од Драч, вчера попладне на 35-годишнината од Социјалистичката партија во овој град, Рама изјави дека на 26 мај ќе биде запечатено отворањето на последната фаза од преговорите со ЕУ.
– Албанија, откако ги отвори сите поглавја во рекордно време, сега се смета за подготвена да започне со затворање на преговарачките поглавја. Конференција се одржува според календарот, со заедничка цел за затворање на пристапните преговори до 2027 година. Поблиску од кога било сме до ЕУ, рече Рама.
Албанија формално ги отвори преговорите за пристапување со Европската Унија во јули 2022 година. Кластерот 1 – Основи беше отворен во 2024 година, а дополнителни кластери беа отворени во текот на 2025 година, со што земјата влезе во фаза фокусирана на исполнување на привремените критериуми и унапредување на преговорите.
Според Рама очекувањата се до 2030 година земјата да стане полноправна членка на ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
