-->
-->
Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица
-->

Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.
На 12.08.2026 во с.Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од с.Арнакија, скопско, а останатите двајца пријавени со тврди предмети му го оштетиле возилото. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ј.(34), а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на другите двајца пријавени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
-

Што значи победата на АФД на покраинските избори во Германија
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
