-->
-->
Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-->

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата на првата етапа од сезоната 2026 во Формула 1.
Најдобриот круг на 28-годишниот Британец на квалификациите утрово во Мелбурн беше 1 минута 18,518 секунди.
Тимскиот колега на Расел, Андреа Кими Антонели, заврши втор (+0,293 секунди), додека возачот на Ред Бул, Исак Ајар, заврши трет (+0,785 секунди).
Меѓу првите шест беа и: Шарл Леклер (Ферари +0,809), Оскар Пјастри (Мекларен +0,862) и Ландо Норис (Мекларен +0,957).
Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул излета од патеката за време на првиот сегмент и ќе ја започне трката од 20-та позиција.
Главната трка на австралиското Гран при ќе се одржи утре, 8 март, со почеток во 5 часот по македонско време.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
