Македонија
17. August 2020 - 12:45

Расте интересот за кампирање во екот на корона кризата

Кампинг туризмот во време на пандемија се поатрактивен за туристите. Наместо во хотели, апартмани и елитни ресорти се повеќе посетителите одлучуваат удобните соби да ги заменат со камп приколки,дрвени куќарки и шатори  и да бидат поблизу до природата. Ова лето најбројни се домашните гости за разлика од изминатите години кога странците беа во потрага по нови предизвици и алтернативни форми на туризам.

Туристите кои се одлучиле за овој вид на туризам покрај во природните убавини уживаат и во бројните понуди на извидничките кампови како нуркање, едрење, велосипедски тури покрај езерот, ловење риба и планинарење.

По теркот на многу светски дестинации и камповите распослани долж охридското езеро нудат одмор во природа далеку од метежот и стравот од ширењето на заразата.