Македонија
23. January 2020 - 16:47

Ратификацијата на протоколот за прием во НАТО ќе биде единствена точка на собраниската седница на 11. февруари

Македонија предвремено ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО на 11 февруари, ден пред распуштањето на овој парламентарен состав, потврди собранискиот спикер Талат Џафери.  Документот е во Собранието уште пред Нова година, но се чекаше сигнал дали Шпанија ќе успее да го ратификува брзо по тамошните избори или пак, ќе треба да се вгради клаузула во нашата ратификација дека во важност ќе биде од моментот кога сите членки на Алијансата ќе го сторат тоа.

 Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО која треба да го ратификува протоколот. Ратификацијата се одложи поради тамошната политичка ситуација и предвремемните парламентарни избори.  Дводомниот шпански парламент  е конституиран, но не се формирани работните тела низ кои треба да пројде и ратификацијата.

Според  тамошните рокови, вообичаено за да се донесе некој акт на шпанскиот парламент во редовна постапка му се потребни 6 месеци. Во скратена постпка, пак три, а по исклучок и побрзо. Ратификацијата за членство на Македонија во НАТО е ставена на приоритетна листа.

По македонскаа ратификација и онаа на Шпанија, државата ќе стане 30та членка на НАТО Алијансата.