Фудбал
26. November 2026 - 10:02

Реал е првиот тим што избори плејоф во Лигата на шампионите

Реал Мадрид стана првиот тим што обезбеди место во плејофот од Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2026/27.

Петтото коло од елитната фудбалска лига заврши синоќа. Реал го победи ПСВ Ајндховен (5-1) и со 15 бода е лидер на табелата. „Кралевите“ се единствениот тим со максимален ефект.

Реал Мадрид математички не може да падне под 23-то место, дури и ако ги изгубат преостанатите натпревари во групната фаза. Ова значи дека ќе играат во нокаут рундите од Лигата на шампионите 30-ти пат по ред.

 

МИА