Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија

Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“ што беше жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Според податоците на СЗО, на бродот се регистрирани и потврдени 12 случаи, како и еден случај поврзан со бродот, од кои три лица починале. Епидемијата предизвика меѓународна здравствена тревога.
Крузерот под холандско знаме испловил од Ушуаја на 1 април и посетил неколку изолирани острови во Јужниот Атлантик, пред да се упати кон Зеленортските Острови и потоа кон Тенерифе, каде што преостанатите патници биле евакуирани.
Поларниот експедициски брод на 18 мај пристигна во Ротердам, со намален екипаж кој мораше да остане во карантин неколку недели.
„Речиси сите патници и членови на екипажот на ‘Хондиус’ кои беа ставени во карантин во Холандија веќе добија дозвола да се вратат во своите домови, вклучително и странските државјани“, објави Тедрос на социјалната мрежа „Икс“.
Тој додаде дека од 2 мај наваму не се регистрирани нови случаи ниту нови смртни случаи и дека состојбата останува стабилна.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
