РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија
РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем, соопшти АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола". Како штои наведува, Блок 1 е ставен во функција во 11:45 часот денеска, а претходно, за време на викендот, на мрежа беше и Блок 3.
Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција од петокот поради испадот на 110 киловолтната собирница на МЕПСО. Поради прекинот во напојувањето, одложени беа и операциите за пуштање во финкција на Блок 3.
-И покрај проблемите што ги предизвика испадот, стручни лица на РЕК Битола во рекордно време ги оспособија постројките за работи и комбинатот од денес произведува струја од два блока, наведува ЕСМ.
Ремонтините активности на Блок 2 на РЕК Битола продолжуваат согласно предвидената динамика.
Ново на Сител
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче