Македонија
10. January 2020 - 16:47

Рекет 3: Случај за обвинителството или лажна вест?

Јавното обвинителство чека пријава за случајот Рекет 3 што го отвори опозициската ВМРО-ДПМНЕ за неизградбата на Кличничкиот центар во Штип.

Од таму за Сител велат дека за случајот Рекет 3, засега нема таква пријава. Од обвинителството упатуваат на законската обврска на секој кој има сознанија за некакво кривчно дело или злоупотреба на службената положба тоа да го пријави. Нема информација дали обвинителството презема некакви предистражни дејствија за случајот по допрен глас.

Како што тврдат од партијата на Христијан Мицкоски, Филипче од буџетот бара дополнителни 7 милиони евра за изградба на оваа болница и покрај тоа што договор за Кличничкиот центар е склучен уште во 2016 година. При тоа, како што обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, тој не ја активирал банкарската гаранција од фирмата изведувач и допринел да дојде до стечај на фирмата подизведувач, со цел да најми нова фирма која наводно е блиска до власта.

Венко Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градба на штипската болница во куќа на шоумен? Која фирма ќе биде нов подизведувач и дали е навистина е таа блиска до власта? Оливер Спасовски мора да одговори дали планира да му одобри на Венко Филипче нови 7 милиони евра за проект кој што врзан за аферата „Рекет 3“? - изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од власта пак, тврдат дека опозицијата шири лажни вести со цел да ги сокрие своите кардовски и програмски недостатоци.

Пред неколку дена и Филипче тврдеше дека не поврзан со случајот и дека целата постпака за Клиничкиот центар е пратен на ревизија пред европските власти.