Реките со енормен пораст по обилните дождови - Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките.
Според најновите податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на речиси сите поголеми водотеци е далеку над просекот за февруари, а на одредени мерни места се бележи зголемување и за повеќе од четири пати во однос на вообичаените вредности.
Најдраматична е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде што денеска се измерени 196 сантиметри во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.
Зголемени вредности бележи и најголемата македонска река Вардар. Кај Јегуновце утрово се измерени 220 сантиметри, што е за два и пол пати повеќе од вообичаеното ниво за овој период од годината. Покачено ниво на водата на Вардар е регистриран и кај Скопје, Велес и Демир Капија.
Според УХМР, зголемување на нивото на водата се бележи и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.
Нивоата на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро се во рамките на февуарскиот просек.
МИА
Ново на Сител
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
