Реконструкција на охридскиот аеродром по првпат од изградбата, најави Николоски

Следната недела започнува реконструкција на аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид, прва од неговата изградба, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Според Николоски, преземени се активности и аеродромот е легализран, што, истакнува, беше тежок процес.
- Реконструкцијата ќе биде прва од тој тип од неговото градење. До скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата еден од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје, истакна синоќа вицепремиерот Николоски во поткастот на ТВ Сител, соопшти Министерството за транспорт.
Николоски потсетува дека се работи на договор во авиосообраќајот со Саудиска Арабија и оти очекува да се воспостави директна линија меѓу двете земји. - Веќе поминавме протокол за договор со Саудиска Арабија, очекуваме во следните месец дена да го преговараме, да го потпишеме и да имaме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје од еден од тамошните аеродорми, рече Николоски, оценувајќи дека авиосообраќајот се развива значително во изминатата година и половина и оти се воспоставени 23 нови дестинации од домашните аеродроми.
МИА
Ново на Сител
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
-

Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон
-

Почуствуван земјотрес во Тетово
-

Сончево и свежо утро, максимална температура до 20 степени
-

Рубио: Нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за заштита на САД
-

Приведен 46-годишен турски државјанин, во патничко возило превезувал пет лица мигранти
-

Нетанјаху: Војната против Иран нема да трае со години, но ќе потрае „извесно време“
-

Трамп: САД имаат неограничени резерви на оружје, подготвени сме за голема победа
