Македонија
20. October 2023 - 16:42

Ревизорски извештај нотира можна корупција при јавни набавки во МИОА

Спроведениот ревизорски извештај нотира можна корупција во јавните набавки во Министерството за информатичко општество и јавна администрација. Тврдењата ги базираат врз основа на анализирани вкупно 18 случајно избрани тендерски постапки за јавни набавки од 2021 до јуни 2023.

Дури на 14 од нив се пријавила само една компанија и практично ги добила тендерите.

Ревизорите утврдиле дека тендерите биле доделувани на оној кој ќе даде најниска цена. Според министерот Алиу, државните институции се принудени да плаќаат поголема цена поради малкуте понуди на компаниите.

„Од една страна, одредени компании сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, додека од друга страна голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции поради одредени причини“

За тоа дали имало злоупотреба во јавните набавки, Алиу кажа дека не бил стручен да одговори.

Во голем дел од постапките, сумата што била предвидена во планот за јавни набавки на ресорното министерство за одредена набавка, била иста со сумата што ја понудила одредена компанија.

Инаку, за да се спроведе која било јавна набавка потребен е стручен ИКТ кадар, кој ресорното министерство го нема. Во моментов тие обврски времено ги извршуваат четворица службеници распоредени од Агенцијата за електронска комуникација.