Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти

Повеќе од 5.000 полицајци ќе бидат распоредени во Рим за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти на 18 мај, изјави префектот на Рим Ламберто Џанини, пренесува АНСА.
Џанини додаде дека ист број полицајци биле ангажирани и на неодамнешниот погреб на папата Франциск.
За церемонијата на интронизација на понтифот очекуваме голем број верници, па ќе ги повториме безбедносните мерки од погребот на папата Франциск, рече Џанини по првата седница на Провинцискиот комитет за ред и безбедност по изборот на папата Лав Четиринаесетти.
Џанини објасни дека ќе бидат вклучени над 5.000 полицајци, кои ќе имаат специјализиран персонал за придружба и јавен ред, снајперисти, нуркачи, воздушна поддршка од военото воздухопловство и системи за спречување на дронови.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
