Ристески: Потрошувачката кошничка е готова, очекуваме позитивни сигнали од ЕСС

Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески.
-Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата - од маркетите, пазарите,... Ќе ни биде потребна кога имаме економски кризи или одредени економски политики, да ни дава насоки во креирање нови законски решенија, економски стратегии, одлуки, истакна заменик министерот.
Во врска со измените на Законот за нефер трговски практики, Ристески рече дека очекува да бидат донесени летово. Повтори и дека казните ќе бидат многу поригорозни, а со одредбите ќе бидат опфатени и добавувачите.
-Законот до летово се надевам дека ќе биде спроведен до Собранието каде треба да бидат изгласани предвидените измени, напомена Ристески.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
