РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) следната недела ќе донесе одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и за цената на операторот на пазарот на електрична енергија. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, увери дека овие одлуки нема да предизвикаат зголемување на цената на струјата за домаќинствата.
-По носењето на овие одлуки, потенцирам дека во никој случај нема да се зголемат, ЕВН Хоум како универзален снабдувач ќе направи пресметка согласно Законот за енергетика и ќе ја достави на увид до РКЕ, за да се провери дали е во согласност со тарифниот систем кој е сега во сила, истакна Бислимоски.
Тој потсети дека тарифниот систем се базира на блоковски начин на тарифирање, воведен во 2022 година кој, споре него, придонесе да се намали потрошувачката на домаќинствата и да се испрати сигнал до потрошувачите дека нерационалната потрошувачка носи повисоки сметки.
-ЕСМ е сложена компанија и сите ние треба да превземаме чекори и мерки кои ќе му овозможат финансиска стабилност. Од тие причини, со блоковската структура се намалува потрошувачката кај домаќинствата и се остава простор за поголеми количини ЕСМ да не ги продаваат на ЕВН Хоум по цена од 65 евра, која е речиси двојно пониска од пазарната и дури пониска од производната цена и јасно е дека таа цена доведува до загуби, нагласи Бислимоски.
Според него, целта е што е можно повеќе количини на електрична енергија ЕСМ да ги продава на слободниот пазар, каде што цената моментално изнесува околу 130 евра за мегават-час.
МИА
Ново на Сител
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
