Роберт де Ниро и Ал Пачино заедно во нова реклама за јакни

Холивудските легенди Роберт де Ниро и Ал Пачино се појавија заедно во новата низа реклами за јакните на италијанско-францускиот моден бренд „Монклер“ (Moncler).
Кампањата наречена „Потопло заедно“ снимена е во Њујорк, САД. Тоа не е само промоција на облеката, се вели, туку и на вредностите како што се блискоста и довербата. Пораката на кампањата е да се пренесе топлината што доаѓа не само од облеката, туку и од меѓучовечките односи преку приказната за долгогодишното пријателство на двајцата глумци.
За фотографиите беше задолжен грчко-британскиот фотограф Платон Антониу, кој во црно-бели снимки ги прикажа Пачино (85) и Де Ниро (82), во спонтан разговор и дружење, додека ги носеа јакните од новата колекција.
Во еден од видеоспотовите од кампањата, Де Ниро изјавува: „Топлината никогаш не доаѓа однадвор, туку одвнатре“. Ал Пачино додава: „Пријателството е најдоброто нешто што може да го имате“.
„Монклер“ е основан во 1952 година во Франција, а денес се смета за еден од водечките светски брендови за луксузна облека. Брендот е познат по својата зимска облека, а последниве години сè повеќе ја комбинира модата со културни, супкултурни и емотивни приказни.
Под раководство на Ремо Руфини, сè почесто соработува со познати имиња од светот на уметноста, филмот и музиката. Кампањата е придружена со нова верзија на песната „Lean on Me“, изведена од американскиот музичар Тобе Нвигве и неговата сопруга Мартика „Фет“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
