Родители бараат право на избор за онлајн настава, Царовска уверува дека се е подготвено за безбеден процес
Учебната година да почне онлајн и така да се одвива во наредните три недели бараат од Општина Тетово каде најсилно удри новиот бран од ковид пандемијата. Ова официјално го побарале и од кризниот штаб на владата а очекуваат поддршка и од другите општини каде бројот на заразени е алармантен. Локалната власт во Тетово смета дека сите наставници треба да бидат вакцинирани а оние кои не се задолжително да приложуваат негативен тест на секои 72 часа за да можат да дојдат на работа.
Против настава со физичко присуство е и движењето за поддршка на онлајн настава кои бараат секој родител самостојно да одлучи на кој начин неговото дете ќе ги следи часовите
Од групата настава и учебници мора да кои со месеци реагираат против дитгитализација во училиштата, сега се заканија со бојкот доколку нивните деца од први септември не учат по старите програми и од учебници. Најавија претставки до Уставен суд и претставка за одговорност на министерката и санкции од надлежните.
Министерката Царовска тврди дека сите училишта се веќе подготвени за настава на 1 септември. Царовска вели ги почитува различните миселења и нагласи дека ќе ја следат ситуацијата и препораките на комисијата за заразни болести. МОН ќе подготви три сценарија , целосно физичко присуство, хибриден модел и сите со онлајн, но сепак учебната ќе почне со физичко присуство.
Инаку меѓународните организации како УНИЦЕФ сметаат дека враќањето на учениците во училишните клупи треба да биде приоритет на сите влади. Поддршка за настава во училница дадоа и од Унијата на средношколци, Меѓаши и други граѓански организации
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
