-->
-->
Родителите оставија пораки во основните училишта во Нови Сад: Нема правда – нема училиште
-->

– Родителите на учениците во основни училишта во Нови Сад утрово спроведоа акција за поддршка на наставниците во прекинот на наставата.
На оградите и на влезовите на училиштата оставија пораки „Нема правда – нема училиште“, „Без ’рбет – нема училиште“, „Без безбедност – нема училиште“, „Без совест – нема училиште“, „Без емпатија – нема училиште“.
Една од пораките е „Нема Предраг – нема училиште“, а се однесува на наставник во ОУ „Милош Црњански“ кому не му бил продолжен договорот поради поддршка на студентите.
Акцијата е координирана од Форумот на родители на основните училишта во Нови Сад, кои ги поддржуваат наставниците во прекинот на наставата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
