РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите

По повод престојниот празник - 11 Октомври, продолжениот викенд и очекувањата за зголемената раздвиженост и фреквенција на возила на патиштата, од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), денеска упатија апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, одговорни и доследни во почитувањето на сообраќајните правила и прописи.
-Продолжените викенди се период кога поголем број граѓани патуваат, што значи зголемено присуство на возила и пешаци на патиштата, подолги патувања и поголем ризик од сообраќајни незгоди. Затоа, секое патување треба да започне со свест дека безбедноста не смее да биде оставена на случајноста - нагласија од РСБСП.
РСБСП апелира да се почитува ограничувањето на брзината и да се прилагоди брзината на движење според условите и состојбата на патот, да не се управува возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци, да не се користат мобилен телефон и други електронски уреди додека се управува со возило, да се користи сигурносен појас на секое патување - без оглед на должината на релацијата, да се користи соодветно детско седиште и задолжително да се обезбедат децата, да се одржува безбедно растојание и да се избегнува ризични престигнувања и ненадејни маневри, пред подолго патување да се провери техничката исправност на возилото - особено пневматиците, сопирачките и системите за осветлување, а доколку лицето е уморно - нека не продолжува да вози, да направи пауза и да се одмори.
-РСБСП посебно потсетува дека брзањето, невниманието и преценувањето на сопствените возачки способности, можат да имаат несакани последици. Неколку минути порано на крајната дестинација, никогаш не се поважни од човечкиот живот. Апелот се однесува и на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите - да бидат внимателни, видливи и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено при преминување и движење покрај коловозот - се додава во соопштението.
За време на продолжениот викенд, од РСБСП советуваа да се патува одговорно, да се вози внимателно и да не се ризикуваат сопствениот, како и животот на другите.
-Нека 11 Октомври биде повод за празнување, дружење и безбедно патување - а, не причина за сообраќајна незгоди и трагедии - се потенцира во соопштението на РСБСП.
МИА
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
