РСБСП со апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на почетокот на второто полугодие потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила претставува сериозен ризик по безбедноста на децата и може да доведе до тешки последици и нагласува дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и бара континуирано внимание, дисциплина и соработка од сите.
-Со започнувањето на второто полугодие од учебната година, се зголемува присуството на деца како пешаци и учесници во сообраќајот, особено во зоните околу основните училишта и детските градинки. Имајќи ја предвид нивната ранливост и ограничената способност за навремена проценка на сообраќајните ситуации, безбедноста на децата во сообраќајот претставува приоритет од највисок јавен интерес. Во овој период на зголемен интензитет на сообраќај, РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот за строго почитување на сообраќајните правила и зголемена внимателност, особено во близина на училишта, пешачки премини и зони со смирен сообраќај, велат од РСБСП.
Апелираат до возачите и родителите да ја прилагодат брзината на движење согласно поставената сообраќајна сигнализација и условите на патот; да покажат зголемена внимателност и подготвеност за ненадејни реакции на децата, да не паркираат возила на места со намалена прегледност, особено во близина на пешачки премини и влезови на училишта; и континуирано да разговараат со децата за правилно и безбедно движење во сообраќајот и да бидат пример со сопственото однесување.
На децата – пешаци им порачуваат дека улицата се поминува исклучиво на обележан пешачки премин; пред преминување задолжително да се застане и внимателно да се погледне лево, десно и повторно лево; да не се истрчува на коловоз и улицата да се поминува со нормален чекор; да се користи тротоарот или пешачката патека, а доколку не постојат, движењето да биде по левата страна од коловозот; и улицата да не се користи за игра и престој.
-РСБСП во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука, континуирано ги реализира превентивно-едукативните активности во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, насочени кон унапредување на сообраќајната култура и подигање на нивото на безбедно однесување кај најмладите учесници во сообраќајот. Преку едукативни предавања и практични активности во образовните установи, децата се стекнуваат со основни знаења и вештини за безбедно учество во сообраќајот. Истовремено, се нагласува значењето на улогата на родителите и возачите како клучни фактори во градењето на безбедни навики и одговорно однесување, посочуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
МИА
Ново на Сител
-

Крај за цигарите во фри-шопот на Евзони, продажбата запрена од 31 декември 2025
-

Анел Фидоски избран за јавен обвинител на ОЈО Скопје, Бубевски отпадна
-

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното
-

НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите
-

Приведени четири возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди
-

Пиштол пронајден во „шкода“ на територија на Кисела Вода, приведен 37-годишен скопјанец | ФОТО
-

Куманово: Во 1 по полноќ влегле во кафана бидејќи сакале да пијат алкохол, газдата не им дозволил па го истепале
-

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
