Рубио: Постигнат е напредок за безбедносните гаранции за Украина и Европа по завршувањето на војната

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, соопшти дека е постигнат напредок во разговорите за „безбедносната архитектура“ за Украина и Европа по завршувањето на војната.
Разговорите што треба да се одржат оваа недела би можеле да донесат дополнителен напредок, изјави Рубио, без да навлегува во детали.
Тој истакна дека безбедносните гаранции се постојана тема во дискусиите за завршување на конфликтот.
Рубио зборуваше пред новинарите пред заминувањето за Париз, каде денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Групата седум (Г7).
Преговорите меѓу Русија и Украина со американско посредништво, се закажани за вторник и среда во Абу Даби.
Се очекува САД да ги претставуваат специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
„Верувам дека сме многу блиску до постигнување договор“ за завршување на руско-украинската војна, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата „Си-Би-Ес“. Тој додаде дека како резултат на евентуалниот договор картата на Украина „ќе биде малку поинаква“, но не соопшти повеќе детали.
Трамп во интервјуто изрази уверување дека Рубио ќе остане на функцијата државен секретар и покрај поразот на Републиканската партија на минатонеделните конгресни избори.
„Така мислам“, одговори кратко американскиот претседател, без да даде дополнителни детали.
Минатата недела Рубио ги демантираше медиумските тврдења дека ќе поднесе оставка за да се кандидира на претседателските избори во САД во 2028 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
