Македонија
19. јуни 2022 - 16:31

Руралните амбуланти под клуч, за преглед се патува и по 30 километри

Жителите на руралните средини од истокот на државата немаат примарна здравствена заштита. Во општина Карбинци со население од блузу 3500 лица, не работи ниту една рурална амбуланта. До пред некоја година лекари и медицински персонал од штипската болница еднаш до два пати неделно доаѓаа за прегледи, но оваа пракса сега е укината.

  • Доаѓаа порано, притисок, крв ти земат, шеќер ти измерат, а сега не- изјави жителка на с. Аргулица, карбинско.
  • Тешко, многу тешко, за мерење на притисок мораш да одиш во градот-изјави Милка Ристова, жителка на ц. Карбинци.

Руралните амбуланти се одамна затворени и оставени на забот на времето. Во селата претежно живее постаро население, на кое многу почесто му е потребна здравствена услуга. Бидејќи не постои јавен превоз, приморани се до градот да патуваат со такси, што ги чини и време и пари.

  • Од овде е 15 км до Штип и 15 назад, 900 денари за такси за натаму, наваму-изјави жител на с. Аргулица. 

Уште потешко е велат, за жителите на подплачковичките села, кои од Штип се оддалечени и повеќе од 30 км.

  • Има горе по планината Турци, Јуруци, што ги викаме, тие луѓе дојдат овде, седат пред општината и чекаат превоз за да отидат на лекар. Сите немаат кола и зависи во каква ситуација е, некој е потешко болен, сака побрзо да отиде, а не може да стигне-изјави Славе Ристов, жител на с. Карбинци.
  • 1000 денари треба само за такси да даде, а плус тоа, жешко е, не можат да поднесат- додаде Ристова

Во руралните средини не постојат ниту аптеки, па приморани се да купуваат залихи од неопходните лекарства.