Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови

Русија ќе ги зголеми нападите врз Киев и другите делови од Украина, објави руското Министерство за одбрана како одговор на интервјуто на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое тој најави почести и засилени напади врз руски рафинерии.
Министерството им нареди на руските сили да ги интензивираат нападите врз воените објекти, погоните на воената индустрија и поврзаната инфраструктура во Киев и на другите места во Украина.
Русија неодамна ги интензивираше нападите врз Украина, особено со напаѓање на мостовите во Киев, со цел да ги деморализира Украинците пред зимата и да ја оштети украинската цивилна инфраструктура.
Во интервју за Ројтерс, Зеленски вчера рече дека Украина дополнително ќе ги зголеми нападите врз руските рафинерии за нафта како одговор на новите тактики на воздушни напади на Москва за принудување на луѓето да го напуштат Киев и другите градови, но нема да ги гаѓа цивилите. Во тоа ќе треба да им помогнат новите балистички проекти.
Русија неодамна ги интензивираше нападите врз инфраструктурата во главниот град на Украина, при што беа погодени мостовите на реката Дњепар.
Оваа се пожестока кампања сериозно го наруши животот на околу три милиони жители на главниот град во пресрет на суровите зимски месеци.
Руското Министерство за одбрана објави дека неговите неодамнешни напади врз Киев и другите украински региони се одговор на нападите на Киев врз цивилни цели во Русија.
МИА
Ново на Сител
-

Петрова ја прифати средбата со Муцунски - Скопје во Софија без очекувања
-

Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за да му биде вратен пасошот
-

Фехми Стафа: „10 години ќе лежам, ама нема да лажам дека парите се за Ѓоко“
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
