Русија пресретнала над 100 украински дронови
Руската противвоздушна одбрана уништила или пресретнала над 100 украински беспилотни летала за три часа, вклучително и дронови што се движеле кон Москва, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.
Министерството на Телеграм информираше дека инцидентите се случиле помеѓу 21 часот и полноќ по московско време, при што биле соборени вкупно 112 дронови. Вкупно 59 од нив биле соборени над регионот Брјанск на украинската граница, додека останатите биле пресретнати над пет други региони.
Гувернерот на регионот Брјанск изјави дека нема жртви, но во нападот се оштетени една куќа и шест автомобили. Во регионот Смоленск, близу полската граница, регионалниот гувернер соопшти дека биле соборени 11 дронови, исто така без жртви.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм соопшти дека 27 беспилотни летала биле соборени додека се движеле кон рускиот главен град. Подоцна, тој број се зголемил на 33.
- Единиците за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите на непријателските дронови, напиша Собјанин.
Русија и Украина извршија голем број напади со дронови во текот на минатата недела. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот информира дека над 900 дронови биле лансирани кон украински цели за три дена, заклучно со понеделникот наутро.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак