Свет
13. July 2025 - 9:34

Русија во текот на ноќта соборила 36 украински дронови

– Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 36 украински беспилотни летала од авионски тип над руски области, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Над Белгородската област биле уништени 26 дронови, над Воронежската – четири дронови, и по три над Липецката и Нижегородската област, се прецизира во соопштението.