Руски пливач исчезна при препливување на Босфор

Руски 29-годишен пливач исчезна во неделата за време на традиционалното годишно пливање преку Босфорскиот теснец, соопшти денеска Турскиот олимписки комитет во чија организација се одржа Босфорската интерконтинентална пливачка трка.
Рускиот пливач се натпреваруваше на 37 издание на популарната трка во должина од 6,5 километри, која е предизвик за натпреварувачите поради силните струи низ теснецот помеѓу Азија и Европа. Учествуваа повеќе од 2.800 пливачи од 81 земја.
„Тесно соработуваме со крајбрежната стража и полицијата за да го расветлиме овој инцидент“, се вели во соопштението на Турскиот олимписки комитет (TMOK).
„Трката завршува два часа откако последниот пливач ќе влезе во водата. На крајот, целата патека беше проверена и беше утврдено дека нема повеќе пливачи во водата.“
Бродскиот и товарниот сообраќај беа во прекин за време на трката.
Босфорот го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а преку Дарданелите со Егејското и Средоземното Море.
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
