Руските загуби во Украина се неодржливи, се приближуваат до размери од Втората светска војна

Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајкл Волц, предупреди дека Русија се соочува со неодржливи загуби во војната во Украина. Според него, бројот на загинати руски војници на месечно ниво е поголем од бројот на нови регрутирани припадници на руската армија.
Во интервју за подкастот „The Brian Kilmeade Show“ на телевизијата „Фокс њуз“, Волц изјави дека Русија секој месец успева да регрутира меѓу 20.000 и 25.000 војници, но истовремено губи од 30.000 до 35.000 припадници на своите вооружени сили.
Тој посочи дека ваквите загуби се неколкукратно поголеми од оние што Советскиот Сојуз ги претрпел во Авганистан, а се приближуваат и до загубите од Втората светска војна, кога дневно гинеле околу 1.000 војници.
„Ова едноставно не може да се одржи на долг рок“, оцени Волц.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
-

Филипче: Блиску сме до грчко сценарио
-

Новите технологии ја менуваат стоматологијата
-

Нелојалната конкуренција останува сериозен предизвик за агенциите за недвижности
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

Михаилова во тајни снимки тврди дека била уценувана од бугарските служби
