Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на вчерашната заедничка прес-конференција со претседателот Володимир Зеленски во Киев изјави дека испораката на американските ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина продолжува „секојдневно и неделно“.
Руте напомена дека ракетите пресретнувачи PAC-3 се исклучително важни за противвоздушната одбрана и оти е пожелно нивниот вкупен број да биде поголем од она што во моментов е достапно.
– Добрата вест е што испораката на овие критично важни американски ракети пресретнувачи за Украина продолжува секојдневно и неделно – рече Руте и додаде дека средствата за купување на овие ракети се достапни и оти многу сојузници веќе изразиле подготвеност да продолжат да издвојуваат дополнителни пари за тие набавки.
Руте рече дека секогаш постои ризик интензивните борби да влијаат врз намалувањето на резервите на ракети пресретнувачи.
Во меѓувреме, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, упати итно писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп, и до американскиот Конгрес по повод критичниот недостиг на опрема за противвоздушна одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
