САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови

САД проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не одговорил на украинските напади со дронови врз руски воени бази минатиот викенд, а руските сили веројатно подготвуваат значаен контраудар, изјавија неименувани американски официјални лица за Ројтерс, пренесува Гардијан.
Еден извор наведе дека целосниот руски одговор се очекува во наредните денови и дека тој нема да биде реципрочен. Друг американски официјален претставник изјави дека руската одмазда најверојатно ќе вклучува ракети и дронови.
Во петокот Русија изврши интензивни ракетни и напади со дронови врз Киев, а руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите врз воени цели се одговор на „терористичките акти“ на Украина против Русија.
Сепак, американските официјални лица веруваат дека целосниот руски одговор допрва следи. Западен дипломатски извор посочи дека рускиот одговор би можел да вклучува напади врз „симболични украински цели“, како што се владини згради.
Мајкл Кофман, експерт за Русија од Фондацијата „Карнеги“ за меѓународен мир, изјави дека Москва би можела да ја казни Службата за безбедност на Украина за нејзината улога во нападите и да користи балистички ракети со среден дострел за напад врз локации на украинската одбранбена индустрија.
Ново на Сител
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
