САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
Американско – израелските воздушни удари низ Иран се интензивираат.Претходната нок во ИРан беше најлошата досега откако почна војната на 28 февруари. Исплашени сме велат Иранци за БИБИСИ. Борбата штотуку почна. Следи нова фаза од војната најавија САД и Израел.
- Неутрализиравме и уништивме повеќе од 60% од лансерите за балистички ракети, многу значајно достигнување што ја намалува штетата на домашниот фронт и спасува многу животи. По завршувањето на фазата на изненадувачкиот првичен удар, во кој постигнавме воздушна супериорност и го потиснавме балистичкиот ракетен масив, сега преминуваме во следната фаза од кампањата, во која ќе ја интензивираме штетата врз темелите на режимот и неговите воени капацитети. Преку координирана акција, го лишуваме режимот од неговите воени капацитети и го доведуваме до стратешка изолација и точка на слабост во која никогаш порано не бил, изјави Ејал Замир, началник на ГП на израелската армија.
Не отстапува ниту иранската армија. Ракети Хајбер лансирани кон Тел Авив. Безбедносни предурпедувања беа активинирани во неколку земји во регионот, домакини на американски бази. Бахреин, Катар и Кувајт прсретнаа ракети. Интензитетот на ирански напади во земјите во Заливот е намален за разлика од првите денови од војната. Американскиот претседател тврди дека Иран побарал разговори со САД за крај на војната,шефот на иранската диплоамтија демантира- Американците ја пропуштија можноста да постигнат договор со Теехран/
- Тие велат, Како да се договориме? Реков, малку доцните. А сега ние сакаме да се бориме повеќе од нив. И уште еднаш ги повикувам сите членови на Иранската револуционерна гарда, војската и полицијата да го положат оружјето. Тие само ќе бидат убиени. И сега е време да се залагате за иранскиот народ и да помогнете да ја вратите вашата земја. Ќе ви дадеме имунитет. Исто така, ги повикуваме иранските дипломати ширум светот да побараат азил и да ни помогнат да обликуваме нов и подобар Иран, со голем потенцијал., изјави Доналд ТРамп, претседател на САД
- Ние не бараме прекин на огнот и не гладема никакви причина зошто треба да преговараме со САД кога преговаравме со нив двапати. И секој пат тие не напаѓаа во средината на преговорите. Значи нема барање за прекин на огнот од наша страна и нема барање за преговори со САД од наШа страна. Никогаш не сме им испратиле никакви пораки, зијави Абас Арагчи. Министер за надвошрени работи на Иран.
Ескалира конфликтот и помеѓу Израел и Хезболах. Израелските сили бомбардираат командни центри на Хезболах и складишата за оружје во јужните предградија на Бејрут, откако претхно издадоа наредба до жителите да се евакуираат. Најавувајки нови напади, групата ги предупреди Изарелците да ги напуштат градовите и селата на границата. Либан беше вовлчен во војната на Блискиот Исток во понделникот, кога Хезболах, во знак на подршка на ИРан истрела ракети кон Израел.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
