САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари
Администрацијата на Трамп му соопшти на Конгресот дека планира да му продаде оружје во вредност од речиси шест милијарди долари на Израел, што е нов знак на поддршка за сојузникот на Вашингтон кој се соочува со зголемена изолација поради војната во Газа.
Договорот вклучува продажба на 30 хеликоптери AH-64 Apache во вредност од 3,8 милијарди долари, што е речиси двојно зголемување на сегашните залихи на Израел, и втора продажба на 3.200 оклопни возила за пешадијата на израелската армија за 1,9 милијарди долари, изјави американски функционер и друго лице запознаено со предлогот.
Оружјето нема да биде испорачано две до три години или подолго.
Масовната продажба доаѓа во време кога плановите на САД да посредуваат за завршување на речиси двегодишната војна меѓу Израел и Хамас се во застој, а по нападите на Израел врз лидерите на Хамас во Доха, Катар, предизвикаа широка осуда од американските сојузници на Блискиот Исток.
САД продолжуваат да го поддржуваат Израел и покрај зголемениот меѓународен притисок врз земјата и обидите на сè поголем број демократски сенатори да ја блокираат продажбата на офанзивно оружје на Израел.
Стејт департментот одби да коментира за продажбата, за која првпат објави „Волстрит џурнал“.
Израел започна нова офанзива, продолжувајќи со плановите за освојување на градот Газа, додека професионална организација на научници за геноцид соопшти дека Израел врши геноцид во Газа.
МИА
Ново на Сител
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда
-
Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти
-
Притвор во траење од 30 дена за 12 лица, куќен притвор за тројца од осомничените за пустошење шуми
-
Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември
-
Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција