САД ставија вето на барањето за итен и безусловен прекин на војната во Газа
САД блокираа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ енклавата.
– Ставот на САД е јасен, не можеме да поддржиме никакви мерки доколку во нив нема осуда на Хамас и ако не биде повикан да се разоружа и да ја напушти Газа, изјави пред гласањето вршителката на должност американска амбасадорка во ОН, Дороти Шеа.
– Оваа резолуција би го охрабрила Хамас и би ги поткопала дипломатските напори за постигнување прекин на огнот кој би ја зел предвид вистинската состојба на терен, рече таа за документот предложен од 10 од вкупно 15 членки на Советот за безбедност.
Останатите 14 земји гласаа за прифаќање на нацрт-резолуцијата, но како една од петте постојани членки на Советот, САД имаат право на вето.
Израел ги отфрли барањата за безусловен и траен прекин на огнот, наведувајќи дека Хамас не може да остане во Газа. По завршувањето на двомесечниот прекин на огнот во март годинава, повторно почна воена офанзива во палестинската енклава, барајќи ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.
Пред гласањето во Советот за безбедност, шефот на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, уште еднаш апелираше хуманитарните организации да добијат дозвола да делат пакети на жителите на Газа, истакнувајќи дека имаат план, залихи и искуство во слични ситуации.
– Укинете ги ограничувањата во однос на тоа што и колку помош можеме да донесеме. Обезбедете нашите конвои да не застануваат поради одложувања и одбивања, изјави Флечер.
ОН долго време го обвинува Израел дека го попречува доставувањето и дистрибуцијата на хуманитарна помош во воената зона. Од друга страна, Израел одговара дека Хамас краде пакети со хуманитарна помош, што групата го демантира.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија