-->
-->
Сајмон Галуп објави дека веќе не е член на „Кјур“
-->

Музичарот Сајмон Галуп објави на Фејсбук дека веќе не е член на британскиот „готски рок“ бенд „Кјур“ (The Cure). Тој досега е вкупно 40 години член на групата.
„Со малку тешко срце, јас повеќе не сум член на ‘Кјур’. Со среќа, на сите нив”, напиша 61-годишниот басист.
Под објавата, ообожавателка го праша дали е добро, на што тој одговори – „Добро сум, само ми е преку глава од предавства“.
Сајмон се приклучи на бендот во 1979 година, но го напушти во 1982 година. Се врати две години подоцна и беше во бендот, според ова – до викендов.
„Кјур“ сѐ уште официјално не објавиле заминување на Галуп од групата, но клавијатуристот Роџер О’Донел објави: „Еден пријател тукушто ми рече дека го видел Лол како купува бас (?????)“ – мислејќи на Лол Толхерст, поранешен тапанар, клавијатурист и еден од основачите на рок-бендот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Скопскиот државјанин успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица

