Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација

Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули во Братислава
Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години.
Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, главниот град на Словачка.
Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води.
Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства, а сега се враќа во македонската кошарка како дел од стручниот тим на младинската репрезентација.
Неговото знаење стекнато низ долгогодишната играчка кариера, но и новите тренерски предизвици, ќе бидат дополнителна вредност за младите кошаркари кои се подготвуваат за европскиот предизвик во Братислава.
Самарџиски, кој беше дел од една од најуспешните генерации во македонската репрезентативна историја, сега има нова задача – да им помогне на младите таленти да го направат следниот чекор во своите кариери.
МИА
Ново на Сител
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
