Само со две дози вакцина ќе се влегува во пленарната собраниска сала
Нови строги протоколи за влез во Законодавниот дом се на сила од саботата. Уште на влезот во Собранието службеникот не праша дали имаме сертификат за вакцинација за да ни укаже дека без овој документ не можеме да влеземе во ниту една сала. Сите кои не се имунизирани седниците и комисиските расправи ќе ги следат преку телевизиски пренос во пресс салата. Додека пак , присуството на пресовите е дозволено. Пратениците денеска за прв пат во новиот мандат дојдоа на седница во старата пленарна сала.Но, галеријата остана речиси празна. Материјалите ги споделувавме од единствениот снимател кој беше пуштен во салата бидејќи приложил сертификат. Ова ги вознемири новинарите кои сакаа да следат како ќе се гласа по 50тина точки кои се најдоа на дневен ред.
До овој момент новинарите не се известени дека вакцинацијата е услов за следење на работата во државните институции. Ова целосно се коси со ставот на Владата дека вакцинацијата во нашата држава не е задолжителна туку право на избор.
Според протоколот на шефот на комисијат за заразни болести Жарко Караџовски кој го изготвил за Собранието, ниту министри на владата нема да можат да присуствуваат на пратенички прашања ако немаат сертификат.
„Легитимирањето на новинарите ќе се врши соодветно како за пратениците и Вип гостите.
Во однос на прес – конференциите и изјавите за медиуми, истите ќе се одржуваат во „Кристална сала“ која што е опремена со 50 седишта за новинарите на соодветно растојание и подвижен микрофон“.
Пратениците го коментираат протоколот како недостаток на службата кој очекуваат да се регулира наскоро.
Инаку во моментов во Македонија нема доволно вакцини за масовна вакцинација и граѓаните масовно патуваат во Србија каде од вчера е дозволено да се имунизираат.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
