-->
-->
Сан Антонио во серија од 10 победи
-->

Сан Антонио спарс рано утрово го победи Голден Стејт вориорс на гостински терен со 127:113 во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата.
Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, беше најефикасен на натпреварот со дабл-дабл ефект од 41 поен и 18 скока за 28 минути поминати на теренот.
Сан Антонио е во серија од десет победи. Тимот има биланс 58-18 (победи-порази) за во моментов второто место во Западната конференција на НБА.
Голден Стејт со ефект 36-40 е десетти на Запад. Лидер во оваа конференција е Оклахома Сити со 60-16.
На Исток води Детроит пистонс со 55 победи од 76 натпревари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ
-

Изменет законот за високо образование
-

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
