Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот

Главниот град на Босна и Херцеговина денеска беше меѓу петте градови со најголемо загадување на воздухот во светот, покажуваат податоците на швајцарската интернет-страница AirQuality, која собира и анализира податоци од мерни станици во градските центри на речиси сите земји.
На врвот на листата е пакистанскиот град Лахор, каде што ознаката за квалитет на воздухот беше во таканаречената кафена зона, која опишува опасен воздух со индекс на загадување поголем од 600, додека Сараево имаше црвена ознака за нездрав воздух со индекс од 163, што го донесе овој град на петтото место на листата најзагадени метрополи.
Од средината на минатата недела, Хидрометеоролошкиот институт на Федерацијата Босна и Херцеговина предупредува за постепеното влошување на квалитетот на воздухот, што е вообичаена ситуација во градските центри на Босна и Херцеговина со години.
Најголема причина за загадување се малите честички прашина означени како PM 2,5, кои можат длабоко да навлезат во респираторниот систем и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Концентрацијата на овие честички вчера во Сараево беше на ниво од 112 микрограми на квадратен метар, што е категоризирано како многу загаден воздух.
Покрај фактот дека е во котлина каде што има слаб проток на воздух во зимските месеци, загадувањето на воздухот во Сараево е предизвикано од голем број стари автомобили на патиштата и повеќе од 43 илјади регистрирани камини што користат цврсти горива кои често се со лош квалитет и испуштаат значителни количества штетни супстанции при согорување.
МИА
Ново на Сител
-

Маѓар: Приведен е братот на Виктор Орбан како осомничен за трговија со луѓе
-

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот
-

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
-

СВР Штип апелира до граѓаните за внимателност од телефонски измами
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
-

Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна
