Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри
Познатиот македонски кардиолог, Сашко Кедев стигна до историски успех откако стана првиот Македонец кој ги искачил сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри, тој денеска го искачи Гашербрум во Пакистан.
Докторот Сашко Кедев, кој има огромна пасија кон алпинизмот, вчера утрото во 10:44 часот го искачи Гашербрум I во Пакистан, врв висок 8.080 метри.
Со ова тој направи голем подвиг и стана првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри.
За овој подвиг на Сашо Кедев му требаа околу четири години, а списокот на неговите освоени врвови изгледа вака: Монт Еверест, К2, Канченџунга, Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I.
Дел од денешната експедиција биле и Ванг Жонг од Кина и шерпасите Дава Гјалје и Нгима Нуру од Непал.
Ново на Сител
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот
-
Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО