Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади

Саудискиот министер за одбрана и високи пакистански воени претставници денеска разговараа за можностите за примена на заедничкиот одбранбен пакт меѓу двете земји во услови на иранските ракетни напади врз соседните држави, јави германската агенција ДПА.
За време на разговорите со началникот на Генералштабот на пакистанските вооружени сили, генерал Саид Асим Мунир, биле разгледани можни мерки за спречување на нападите врз Саудиска Арабија, напиша саудискиот министер за одбрана Халид бин Салман Ал Сауд на платформата „Икс“.
Не беа соопштени дополнителни детали за разговорите.
Меѓу Саудиска Арабија и Пакистан од 2025 година е во сила договор за заедничка одбрана. Според овој пакт, секој напад врз една од двете држави се смета за напад врз двете, што теоретски ѝ овозможува на Саудиска Арабија да смета и на заштита преку нуклеарниот арсенал на Пакистан, наведува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
