СДСМ: Ги покачивме платите на наставниците за 55% и обезбедивме подобри услови за работа

СДСМ соодветно ја вреднува одговорната работа на наставниците и им обезбедува подобри услови за работа.
Во изминатите шест години платите на наставниците се покачени за 55 отсто.
Тоа е далеку поголемо зголемување, од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени само за четири проценти.
Покрај платите, СДСМ инвестира и во унапредување на условите за работа на наставниот кадар.
Досега, реконструирани или изградени нови се 80 објекти на основни и средни училишта низ целата држава.
Со укинување на екстерното тестирање наставниците се ослободени од стресни ситуации кои во голема мера влијаеја на нивната работна средина.
Укинувајќи го хартиениот дневник, се намали педагошката администрација и со тоа се овозможи повеќе време на наставниците за креирање на успешни наставни часови.
Со закон е обезбедено кариерно напредување и зголемување на коефициентот на плати, а со тоа се обезбеди квалитетно менторирање на новите наставници-приправници.
СДСМ уште во 2021 година подготви Закон за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, кој ја гаранитра нивната социајлно-економска положба, кој ДПМНЕ оттогаш го блокира.
Продолжува социјалниот дијалог со репрезентативниот синдикат за образование и наука за Нов колективен договор, во кој се воведува регрес за годишен одмор кој наскоро ќе биде потпишан од двете страни.
СДСМ и продолжува со вистинска грижа за наставниците, создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
