СДСМ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи
Владејачката СДСМ го одби предлогот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ полковникот во АРМ да биде технички министер за внатрешни работи. Од СДСМ велат дека предлогот е неуставен и дека лидерот на МВРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да даде нов предлог. Од партијата на Зоран заев се повикуваат на членот 97 од Уставот дека на чело на МВР мора да застане цивилно лице, односно лице кое најмлаку 3 години не е во унифоирма.
Не може да се повикувате на право а да промовирате предлози спротивни на Уставот. Кршењето на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, ниту принцип. Политички е целосно погрешно да се промовира кршење на највисокиот правен акт во државата Уставот. Ниту една политичка партија пред граѓаните не смее да помисли да излегува со неуставни предлози - велат од СДСМ.
Од таму сепак, додаваат дека остануваат отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот.
До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април, велат од партијата на Заев.
„Несериозно е преку соопштенина да се комуницира за вака важни теми; СДСМ се уште нема известено за официјален став и одлука. ВМРО-ДПМНЕ се држи до ставот на Претседателот Мицкоски искажан преку социјалните мрежи. Очигледно на СДСМ им пречат професионалци.За идните одлуки ќе бидете благовремено известени“, ни одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, Мицкоски преку Фејсбук ја повика власта да не ги одложува работите и дека со кочењето професионалец да застане на чело на МВР нема да го избегне неминовниот пораз. Смета дека оспорувањето на техничкиот министер за внатреешни работи е бегство од предвремени избори.
Сето ова е само алиби, а вистината лежи во сознанието дека ќе загубат на изборите и тоа ги прави нервозни и тогаш најмногу грешат, се плашат, галамат, даваат отпор кон она што е неминовно. А народот ги чека да им го даде црвениот картон и не е прашање дали ќе паднат, затоа што ним им се бројани деновите во политиката, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Заев очекувал решение кое ќе биде погодно за него.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
