СДСМ предлага продолжување на рокот на застарување на судски процеси против политичари
Измени на кривичниот законик со кои ќе се продолжи рокот на застареност за кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената положба предлага пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски. Со ова, вели тој, ќе се намали можноста за застареност на кривичните постапки кои се водат против политичари, што било случај во изминатиот период.
Ги прозва опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да застанат на страната на владеењето на правото и правната држава, како клучни забелешки што државата ги дoбива од Брисел.
Измените се прифатливи за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која и самата подготвувала слично законско решение, но ги нуди на власта и своите предлози поврзани со забраната за амнестија на политичари. СДСМ пак, смета дека забраната за амнестија на политичари може да биде злоупотребена за нечие политичко елиминирање.
Законските измени во Кривичниот законик, и власта и опозицијата сметаат дека ќе може да се донесат до распуштањето на овој пратенички состав, односно до 12 февруари.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
