Се намалува малолетничката деликвенција во струмичко
Минатата година струмичката полиција регистрирала 25 кривични дела сторени од малолетници и деца.
Против сторителите се поднесени 33 кривични пријави. Споредбено со претходната година малолетничката деликвенција бележи намалување за 26,5 % во делот на регистрираните кривични дела и за 8,3% кога се работи за поднесените кривични пријави против малолетници.
Од секторот за превенција велат ваквиот позитивен тренд во голема мерка се должи и на големиот број едукативно превентивни активности кои се реализираат и се поголемиот број на деца кои покажуваат интерес да ги следат овие предавања и едукации.
Од СВР Струмица информираат дека едукацијата и превентивните активности наменети за малолетниците ќе продолжат и во текот на оваа година. Планирани се серија различни активности кои треба да придонесат за што поголемо намалување на девијантните појави кај децата.
Заедно против врсничкото насилство, превенција од злоупотреба на дрога , алкохол и никотин, превенција од злоупотреба на социјалните мрежи, ова се само дел од активности кои се планирани да бидат реализирани и во текот на оваа година.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
