Се одбележува Денот на македонската полиција
МВР ги претстави своите единици и опремата пред струмичани.
Во рамки на овогодинешното одбележување на 7 мај, денот на македонската полиција, граѓаните имаа можност да се дружат со полициските службеници од сите единици, да се запознаат со нивната професија, но и опремата со која раполага полицијата.
Заедно со полициските службеници и граѓаните беше и министерот Оливер Спасовски според кого ваквиот концепт на одбележување на празникот имал за цел да ја доближи полицијата до граѓаните.
Граѓаните задоволни од иницијативата на МВР. Велат вакви настани треба да има почесто за да може одблиску да се запознаат со работењето на единиците на министерството.
Струмица не беше единствениот град во кој полицијата денеска се дружеше со граѓаните. Отворен ден беше организиран и во Велес, Струга, Крива Паланка и во Крушево.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар