Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
Започна поставувањето на вкупно 40 сообраќајни камери во охридско струшкиот регион кои се дел од системот „Безбеден град“ за намалување на прекршоците и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Голем дел од камерите и потребната инфраструктура се поставени на кружните текови на двата влеза и во центарот на градот. Претходно четири камери беа инсталирани на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на селата Горенци и Требеништа, како и кај Ботун и Ново Село во Општина Дебарца. Според најавите, системот треба да стартува пред летната туристичка сезона, а моментално е во во фаза на техничко тестирање и прекршоците не се санкционираат.
Сé, додека не се вклучат целосно овие камери на ‘Безбеден град’, полициските службеници од сообраќајната полиција вршат интензивни контроли со мобилни електронски камери.
Од СВР Охрид нагласуваат дека пред целосното активирање јавноста ќе биде навремено информирана за локациите на камерите, видот на прекршоците што ќе се санкционираат, како и за мерките за заштита на личните податоци, согласно законската регулатива.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
