Македонија
15. јуни 2022 - 12:23

Се повеќе граѓани пријавуваат семејно насилство

Граѓаните се почесто го препознаваат семејното, но не и родово базираното насилство. Ова го покажува истражувањето што го направила Организацијата на жени од Струмица. Според добиените резултати се поголем е бројот на лица  кои се охрабруваат да пријават дека биле жртва на семејно насилство, но според организацијата загрижувачки е податокот што најголемиот дел од граѓаните го препознаваат само физичкото, но не и другите форми на насилство.

Според мониторингот врз работењето на давателите на услуги од оваа област само во првиот квартал од годината пријавени се 69 случаи со елементи на семејно насилство.

Мониторингот и анкетите се спроведени од страна на мулти секторското тело за семејно и родово базирано насилство во кое партиципираат претставници од сите официјални институции и организации кои работат на ова поле. Телото има за цел да ја поттикне соработката помеѓу овие организации а со тоа да се добие брза ефикасна и координирана услуга за спречување семејно насилство.